strumica denes logo

МЛАДИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД СТРУМИЦА ПОВТОРНО СО ДОНАЦИЈА, ОВОЈПАТ ДОНИРАА ХРАНА И СРЕДСТВА ЗА ДОМАЌИНСТВО!

Автор:

Датум:

април 3, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

 УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: 

Пријатели,

Да се ангажираме сите заедно за да ја победиме Ковид 19.

Утрово, УМС на ВМРО- ДПМНЕ ја посети организацијата на Црвен Крст во Струмица и достави донација во храна и средства за домаќинство.

Акцијата ја реализиравме здружно општинските комитети Струмица, Василево, Ново Село, Босилово и, ни претставува задоволство можноста да го споделиме со сите тоа што го имаме.

Благодарност од Унија на Млади Сили ОК Струмица до сите членови кои ни помогнаа и се спремни да се ангажират во деновите што претстојат.

Сите загрозени семејства и поединци кои имат потреба од помош потребно е да се обратат до Црвен Крст во Струмица.

Поздрав пријатели, членови на УМС Босилово, УМС Василево, УМС Ново Село и СЕДЕТЕ ДОМА !