Од петок 9ти август во Струмица ќе се одржи првата Летна Школа на УМС ВМРО- ДПМНЕ со учество на повеќе од 120 млади од целата држава.
На летна школа со наслов ,,Младите – лидери на промените” учесници ќе имаат можност да се едуцираат политички, да се информират, да ги зајакнат личните капацитети, и да се забавуват.
Дел од летната школа ќе бидат домашни и странски предавачи.
Инаку, Струмица ја има честа да биде домаќин на првата Летна школа на УМС после подолг период од нејзиното последно организирање. Летната школа ќе се реализира на неколку локации во Струмица и ќе потенцира препознатливи симболи и настани.