Јадранка Поцкова, кандидат за пратеник од реводите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица:
ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,
АКО СЕ ПРАШУВАТЕ ЗОШТО НАШАТА МАКЕДОНИЈА Е ТРАНЗИТ ЗА СТРАНЦИТЕ И, ЗОШТО НА МАПИТЕ СЕ ОБЕЛЕЖУВА СО ПОСЕБНА БОЈА, ОДГОВОРОТ Е: ЗАРАДИ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ. СИСТЕМОТ КОЈ ПРЕДВОДЕН ОД СДСМ И ПОКРАЈ ТОЛКУ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ЈА НАРЕДИ МАКЕДОНИЈА ДО ИРАН И ЛИБИЈА. ВО САМО ЕДЕН МАНДАТ СДСМ ГИ ЗАПОСТАВИ ПРОЕКТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА КЛИНИЧКИТЕ ЦЕНТРИ И ЈА НАПРАВИ ЗЕМЈАТА ИЗВОЗНИК НА МЕДИЦИНСКИ КАДАР; МЕЃУ ПРВИТЕ СМЕ НА ЛИСТАТА ЗА КОРУМПИРАНОСТ. КОГА ЗАПОЧНА КОРОНА КРИЗАТА НАМЕСТО ВИСТИНСКИ САНИТАРНИ И ЗДРАВСТВЕНИ МЕРКИ ЈА ЗАМЕШАА ПОЛИТИКАТА. ЛЕКАРИТЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ДОВОЛНА ЗАШТИТА И ДОВОЛНО ИНФОРМАЦИИ, ПАЦИЕНТИТЕ НЕ СЕ ТЕСТИРАА ВО ДОВОЛЕН БРОЈ, ДОДЕКА ,,КРИВАТА” НЕКАКО СЕ ИСПРАВУВАШЕ.
СЕГА КОГА ИЗЛЕГУВАМЕ НА ИЗБОРИ ИМАМЕ ЗАСТРАШУВАЧКИ БРОЈКИ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД КОВИД 19. ПОВТОРУВАЊЕ НА ПИКОТ! ПРЕТХОДНО, КАКО МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА СЕ ВОЗДРЖУВАВМЕ ОД ЈАВНО КОМЕНТИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ СТВОРИ ПАНИКА МЕЃУ ПАЦИЕНТИТЕ НО И, ЗАРАДИ ОДРЕДЕНИ ПРИТИСОЦИ. СЕГА ПАК, НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ИЗЛЕГУВАТ РАКОВОДСТВА НА ЦЕНТРИ ОД СДСМ КОИ ЈАВНО СЕ ЖАЛАТ НА СОСТОЈБИТЕ. ПА, СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: ДАЛИ ВТОРИОТ ПИК СЕ СТАВА ВО ОДРЕДЕНА УЛОГА НА ПОЛИТИКАТА. ГОСПОДА, ПРИКАЗНАТА Е ЗАВРШЕНА. АНКЕТИТЕ ГОВОРАТ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ НЕМАТ ДОВЕРБА ВО НАЧИНОТ НА КОЈ СЕ СПРАВУВАТЕ. НАРОДОТ МАСОВНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ИЗБОРИТЕ НА 15 ЈУЛИ И, ЌЕ ВЕ КАЗНИ ! ОБНОВАТА НА ЗДРАВСТВОТО, ВРАЌАЊЕТО НА ДОСТОИНСТВОТО НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПОБЕДАТА НА ВМРО- ДПМНЕ.