bandr
ВМРО-ДПМНЕ

ГРАЃАНИТЕ ВО СТРУМИЦА СЕ’ ПОМАЛКУ ИЗЛЕГУВААТ НА ГЛАСАЊЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ГЛАСАЧИ ИЗГУБИ СДСМ А КОЛКУ ВМРО-ДПМНЕ!

Изгледа дека струмичани „креваат“ раце од двете најголеми политички партии. За разлика од минатите години, вчера во Струмица кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски освои 12.544 гласови, додека Гордана Силјановска-Давкова доби 9246 струмички гласови. За разлика од последните избори кога струмичани гласале, СДСМ изгубила некаде околу 6.000 гласачи а ВМРО-ДПМНЕ околу 2.300. По се’ изгледа двете најголеми политички партии треба да ги „засукаат“ ракавите и повторно да ја вратат довербата на струмичани.