Perdormire
ВМРО-ДПМНЕ

ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБИР НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА, ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ ПРЕД СТРУМИЧАНИ!

Со почеток од 20:00 часот денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен собир на кој ќе биде претставен кандидатот Гордана Силјановска-Давкова пред струмичани. Собирот ќе биде на влезот од големот Градски парк наспроти „Хепинес“ кај споменикот на Благој Јанков Мучето. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица Александар Донев, ги повика струмичани да го поддржат нивниот кандидат. На собирот ќе биде присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ќе има свое обраќање.