strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЖЕНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА СО КОКТЕЛ ГО ОДБЕЛЕЖАА 8 МАРТ И ПОРАЧАА: НЕ СЕ ПРЕДАЛЕ НАШИТЕ БАБИ, НАШИТЕ МАЈКИ, НЕМА НИТУ НИЕ!

Автор:

Датум:

март 7, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

март 7, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Почитувани жени,

Во рамките на редовната работа, нашата заедничка и неуморна битка за обнова на татковината, која од ден на ден забрзува кон слободата, со должна почит го обележуваме денот на жената- 8ми Март.

Ова обраќање го започнувам со мислата што во рамките на борбата за родова еднаквост ја објави амбасадорот на Британија во земјава Н.Е. Рејчел Галовеј: ,, Жените преставуваат половина од светската популација и заслужуваат нивниот глас да се слушне, нивите права да се одбранат. Потребно е да се охрабри солидарноста и да се застане на патот против злоупотребите, да се најдат трајни решенија и да се изгради свеста за потребата од промени”

Во таква насока и со целосен респект кон традицијата Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ веќе три децении ја предводи борбата за позицијата на жената во македонското општество.

Постигнавме многу, направени се важни чекори во еманципацијата на македонската жена, нејзината положба во домот, работата и учеството во политиката. 8ми Март доби современи димензии но, неговата содржина наметнува нови предизвици.

Кога се повикуваме на нашата традиција и конзерватизам мислиме на искрените намери и чесниот пристап кон оваа материја. Ние, борбата за жената, нејзините права и еднаквост нема да ја злоупотребиме за туѓи цели!

Каузата за унапредување на жената за нас преставува нејзино постојано очовечување!

Почитувани жени!

Нашата татковина Република Македонија е исправена пред голем предизвик. Власта го уништи сето она што е создавано со векови. Претходно истата власт и истите лица го разграбаа она што го градеа нашите родители.

Не се предале нашите баби, нашите мајки, НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ НИТУ НИЕ КАКО ГЕНЕРАЦИЈА.

Во што една жена е еманципирана ако не може сама да се нарече македонка и ако сопственото дете не го воспита-така како што учела од својата мајка?

Затоа, во деновите што ни престојат потребно е да се обединиме и заедно да си земеме задача: да ги посетиме нашите блиски за да ги потсетиме дека: ОБНОВАТА ДОАЃА!

ВО ИМЕТО НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ ВМРО-ДПМНЕ Струмица ВИ ГО ЧЕСТИТАМ 8ми МАРТ ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

ОК УЖ Струмица
Претседател
Тања Достинова Запрова