Летната младинска школа на подмладокот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ се одржува во Струмица.
Школата според УМС ќе опфати над сто учесници, пред кои ќе се обратат странски и домашни предавачи со теми поврзани со процесот на демократијата, меѓународните стандарди во повеќе области карактеристични за европа и светот.
Програмата инаку во себе содржи настани посветени на одбележувањето на споменот на Петте струмички студенти.
Имено предвидена е работилница, проекција на филм и веќе традиционалниот марш на Беласица.