ЕЛИ ПАНОВА: Коста, доколку толку се залагаш за нашата Струмица, јавно те повикувам да ги подржиш моите амандмани кои ќе ги поднесам во буџетот за 2021 година!

ноември 17, 2020

Ели Панова, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани сограѓани.
Менување на тема и дефокус од реалните проблеми е позната ПиАр алатка.
Во ден кога имавме 40 починати лица, јасно е дека ѓаволот ја однел шегата.
Може да зборуваме за ланскиот снег, за тоа кој работел лошо во минатото, кој што сработил, кој што НЕ сработил, да се фалиме со документи, слики, и да глумиме дека условите во државното здравство се одлични, па министерот има денови за релакс и за сликање…Ама факт е дека ситуацијата во Македонија со Ковид е повеќе од сериозна.
КРИТИКИТЕ БЕА И СЕ НАМЕНЕТИ КОН ФИЛИПЧЕ!

Почитуван колега Костадин, за мене здравствените работници од секогаш биле херои, а ти ако сакаш можеш веднаш да му организираш “АПЛАУЗ” за убаво поминатиот ден на Министерот Филипче во Струмица, додека медицинскиот персонал работи без престан со денови.
Да, министерот имаше убав ден со сликање, гушкање, убав дочек на возилото што приватно се донирало, ручек во познат ресторант, тапшање по рамо дека одлично е се,… убавини.
Но сами сте свесни дека пациенти се борат за кислород, телефоните Ви ѕвонат за кревет повеќе на инфективно, медицинскиот персонал Ве моли за помош бидејки се малку, дека немаат замена, а луѓе умираат…

Секој ден има по ново лично сведоштво дека ништо не е под контрола и дека луѓе умираат поради пропусти на здравствениот систем кои не сакате да ги признаете.

Нема да одговарам што се е направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, за жал, истиот тандем владее веќе 8 години со Здравствениот систем во Македонија.
“Крикот” за помош на Директорот моравте помпезно да го покривате, Ви го наруши спокојот и сега сите Ви се криви!

Почитуван колега Костадин, доколку имаше емпатија за Струмичани, зошто не го подржа нашиот амандман за набавка на болнички комбиња, и не ги убеди твоите колеги да гласаат за ?
Па заедно да излеземе и да кажеме дека направивте нешто за овие неполни 4 години за Струмица?

Доколку толку се залагаш за нашата Струмица и за подобрување на здравствените услови на нашите сограѓани еве тука јавно те повикувам да ги подржиш моите амандмани кои ќе ги поднесам во Буџетот 2021 година.

Туку колега како искусен пратеник, гледам одма одговараш на секој мој прес во Струмица, па сега кога веќе ја превзема улогата и на личен портпарол на Филипче, можеш да ми одговориш на веќе поставените прашања:
1. Колку пациенти до денес починале во јавни здравствени установи, а колку во приватни?
2. Зошто терапијата што функционира и вродува со плод во приватните болници, не се применува и во државното здравство?
3. Колку денови се чека за термин за некој да се тестира се разбира при тоа да не е функционер на СДС?
4. На крај колега Костадинов ,за овие неполни 4 години кои проекти од Вашите програми ги имате отпочнато и завршено за Струмица?

Млад човек си колега, еден добронамерен совет: сами никогаш не треба да се фалиме за добрите дела, оставаме времето, луѓето и успесите да зборуваат за нас!
Ниту една функција не е вечна колега, секој да ја работи својата работа, и најбитно, да направиме нешто што ќе остане
( П.с а сега добро би било за граѓаните да ги дадете овие одговори!)

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ