strumica denes logo

Донев: Најголемиот Христијански празник нека биде знак и порака да престанат делбите

Автор:

Датум:

април 7, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

април 7, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Општинскот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на советничката група на партијата, Александар Донев на денешната пресконференција упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден. Во проделжение интегрален текст од пресконференцијата на Донев.

,,Почитувани Граѓани
Во мое име и во име на Општинскиот Комитет и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струмица на сите граѓани кои го слават Великден , им го честитам празникот со желба деновите што престојат на личен и семеен план да ни донесат здравје и успеси.
Овој Велигден нека ни донесе надеж дека општеството во кое живееме ке се менува преку ангажирање на сите можности и искуства за развојот на економијата и подобрување на демократскиот капацитет во нашата татковина .
Најголемиот Христијански празник нека биде знак и порака да престанат делбите и со љубов и меѓусебно почитување заеднички да пристапиме во сите процеси на градење на нашата татковина и заеднички да се избориме со сите предизвици кои ни престојат.
Почитувани
Ви посакувам убави празнични денови исполнети со срека , љубов , здравје и духовен мир во вашите домови.
Христос Воскресна – Навистина Воскресна”