ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ ЗА АЛФА: ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН ГИ ГУБИ СТОПАНСКИТЕ И ЕКОЛОШКИ ЕПИТЕТИ!

јануари 23, 2020

Во денешниот настап на утринската емисија на телевизија Алфа, членот на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Дајанчо
Ефтимов зборуваше на тема: Состојбите во југоисточниот регион каде го изрази незадоволството и разочараноста на граѓаните поради изневерените очекувања од актуелната власт.

И покрај тоа што голем број на кадри од регионов поранешниот градоначалник и премиер Зоран Заев ги унапреди со позиции на централно ниво – регионот нема никаква добробит.

На трибините и одржаните средби лошата состојба во стопанството, слабите инвестиции, пропаста на земјоделието придонесоа за засилена миграција на населението од Југоистокот.

Освен тоа, Југоистокот го загуби епитетот еколошки затоа што загадувањето на воздухот на одредени општини го стави нашиот крај на листата на најзагадени и опасни во светот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ