Атанасов: СДСМ во Општина Василево за 50 отсто ќе ја зголеми администрацијата иако претходно критикуваше дека е пренатрупана

септември 13, 2018


Интегрален текст од прес конференција на Живко Атанасов, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Василево

Почитувани сограѓани,

Власта на СДСМ не само што не го реализира ветеното туку го прави она за што критикуваше.

Пред изборите СДСМ ја споредуваше администрацијата со развиените земји со оценка дека е пренатрупана и вети ефикасен модел на администрација.

Локалната власт на СДСМ во Општина Василево за само една година мандат ќе ја зголеми општинската администрација за фантастични 50 отсто.
Станува збор за оглас за вработување на 11 нови извршители со статус на државни службеници, објавен преку Агенцијата за администрација. Преку овој оглас ќе се вработат дури 11 лица на разни позиции со што постојната администрацијата на Општина Василево ќе се зголеми речиси една половина.

Бидејќи СДСМ ветуваше дека ќе се бори против непотизам останува да очекуваме дека со овој оглас за масовно вработување нема да се згрижат братучеди, кумовци и бизнис партнери.

Јавноста во Општина Василево очекува дека на конкурсот ќе бидат примени најдобрите кадри и дека со овој оглас нема да се згрижат партиските кадри и така да се потврдат сомнежите за мотивот за распишување на огласот.

Ветената ефикасност на администрацијата веројатно се реализира преку секојдневните притисоци што се вршат врз вработените од разни институции со преместувања, прераспоредување и омаловажување со што им се загрозува егзистенцијата до принуда за откажување од своето работното место.

ВМРО-ДПМНЕ ја предупредува власта дека будно ги следи процесите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ