(ФОТО+ВИДЕО) НА ПАЗАРОТ ВО НОВО СЕЛО СЕ ПРОДАДЕ СЕ’ ОСВЕН ЛАГИТЕ НА СДСМ – ПРЕС КОНФЕРЕЦИЈА НА УМС-НОВО СЕЛО!

септември 20, 2018

 

Почитувани, четврток вообичаено е пазарен ден во општина Ново Село, ден кога локалните жители најчесто ги прават своите набавки. Како и секој четврток, пазарџиите имаа успешен ден, а единствено нешто кое не се продаде на денешниот пазар, беа скапите лаги на СДСМ, за кои граѓаните на општина Ново Село одбиваат да ја платат високата цена.

Почитувани сограѓани и наши врсници, интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија е примат за секој млад човек, но таа не може да се оствари само со продавање на националните интереси и достоинството на македонскиот народ. За влез во Европската Унија потребно е работа и остварување позитивни резултати.

Но, по цела година, откако СДСМ ја има апсолутната власт во општината, наместо да направи конкретен исчекор препознатлив за земјите во Европската Унија не внесе на страниците за црна хроника на дневниот печат. Без спроведени проекти и без никаква динамика во унапредувањето на општественото живеење, нашата општина не само што стагнира, туку се повеќе назадува.

Промената на името на државата по мерка на нашите соседи, менувањето на уставот, на идентитетот на државата а со тоа и идентитетот на секој поединец нема да го зголемат стандардот на граѓаните, нема да го кренат квалитетот на образованието и нема да отворат нови работни места.

Договорот со Република Грција е погубен за нашата држава и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили ќе направат се, за неговата содржина да стигне до вратата на секој граѓанин од опшината.

Ви благодарам.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ