Вечерва средба со околу стотина млади активисти на УМС во просториите на Комитетот на ВМРО- ДПМНЕ одржа Претседателот Јован Јаулески и Секретарот Горјан Донев.
Претседателот на УМС ОК Струмица Христијан Велков објави кратко видео пред почетокот на средбата на која со обраќање настапија Димитар Манчев, Владимир Ристов и Елена Орцева од ИК и Васко Танев и Сашко Ѓоргиев од локалниот огранок.
На својата фан страница на ФБ вечерва УМС Струмица објави: Младите се вратија таму каде што е патриотизмот, борбата и љубовта за Македонија. Младите од Струмица се во ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го поразиме злото.