strumica denes logo

(ВИДЕО) Дајанчо Ефтимов: Струмица на врвот од светската топ листа на загадување на воздухот, Струмица го надмина епитетот „Европска Струмица“

Автор:

Датум:

февруари 3, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

февруари 3, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

СТРУМИЦА СО РЕГИОНОТ ПОДОЛГО ВРЕМЕ Е НА ВРВОТ ОД СВЕТСКАТА ТОП ЛИСТА НА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ И ИРОНИЧНО КАЖАНО ГО НАДМИНА ЕПИТЕТОТ ,,ЕВРОПСКА СТРУМИЦА”.

НА ГОЛЕМО НАЈАВУВАНИТЕ МЕРКИ КОИ ВЛАДАТА ГИ ПРЕЗЕМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ- НЕМАТ ПОСЕБЕН ЕФЕКТ ЗАТОА ШТО СЕ НАСОЧЕНИ КОН ПОСЛЕДИЦИТЕ НАМЕСТО КОН ПРИЧИНИТЕ. КОГА СЕ ПРИСТАПУВА КОН РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ И СЕ БАРАТ ПРИЧИНИТЕ МОЖЕБИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАПРАШАМЕ КОЛКАВ Е УДЕЛОТ ВО ЗАГАДУВАЊЕТО НА УРБАНИСТИЧКИТЕ
РЕШЕНИЈА ВРЗ ОСНОВА ДЕТАЛНИТЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ГРАДЕЊЕ И ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ. ДА СЕ ЛОЦИРАТ ПОГОЛЕМИТЕ ЗАГАДУВАЧИ НАМЕСТО
ДА ГИ ОБВИНУВАТЕ ГРАЃАНИТЕ ЗА ЛОШИ НАВИКИ И НЕОДГОВОРНОСТ.

ЕДНО ОД МОЖНИТЕ РЕШЕНИЈА ОД ВРЕМЕТО КОГА ДЕНЕШНИОТ ПРЕМИЕР БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК БЕШЕ ГАСИФИКАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ. ИМЕНО, СЕ ОБВИНУВАА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗАРАДИ НАВОДНО НАМЕРНОТО ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГАСИФИКАЦИЈА А ИСТИТЕ СПОРЕД НАШИ СОЗНАНИА И ДЕНЕС НЕ СЕ ПРИКЛУЧЕНИ. ОДНОСНО, ДА ГО ПОБАРАМЕ РЕШЕНИЕТО ЗА КОЕ НАВОДНО ПРЕЧКА БЕШЕ ВМРО- ДПМНЕ.

ОЧИГЛЕДНО ГЕНЕРАЛНАТА ПОЛИТИКА НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ РЕАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА НО БАРЕМ ПРОЕКТОТ ВИРТУЕЛНА ГАСИФИКАЦИЈА ДА ГО НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО.
ДАЛИ СО ПРИКЛУЧУВАЊЕТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ БИ СТАНАЛА ЕКОНОСМКИ ИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА И БИ СЕ НАМАЛИЛА ЦЕНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ ЕНЕРГЕНС
ПА ВЕРОЈАТНО И ДОМАЌИНСТВАТА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ. ОЧИГЛЕДНО, ЗАГАДУВАЊЕТО Е ПРЕДИЗВИК ВЛАДАТА СО СИТЕ НАЈПОВИКАНИ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА ОД РЕГИОНОВ ДА НАПРАВАТ СЕ ШТО МОЖАТ ЗА ДА ГИ ПРИКЛУЧАТ ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ НА ГАСОВОДОТ ВО СТРУМИЦА КАКО КОНКРЕТНО РЕШЕНИЕ ЗА ВОНРЕДНОТО ГОЛЕМО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ДИРЕКТНО ШТЕТНО ПО ЗДРАВЈЕТО И ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ ВО СТРУМИЦА И РЕГИОНОТ.