(ФОТОГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ ГО ОДБЕЛЕЖА ВЕЛИГДЕН ВО КУКЛИШ СО КРШЕЊЕ ЈАЈЦА СО МЛАДИТЕ!

април 28, 2019

Вечерва претседателот на ВМРО- ДПМНЕ го посети регионот на Струмица. Како што објавија локалните ограноци Мицкоски се сретна со граѓаните на Куклиш каде со младите кршеше велигденски јајца во духот на народниот обичај.Исто така Лидерот на опозицијата беше дел од публиката на традиционалниот велигденски трурнир во фудбал во Василево.

„Куклиш се крева над неправдите. Македонските земјоделци се достоинствени луѓе кои не го прифаќаат потценувањето на власта. Куклиш е место на честити луѓе домаќини кои бараат промени, кои го бараат она што им следува, стабилност, почит и поддршка од државата каква што заслужуваат за нивната мака и труд. Македонија е создадена како земја на среќни луѓе и нашата борба е да ги зачувуваме луѓето тука во нашиот дом и да направиме се за да ја обезбедиме заедничката среќа. Ќе успееме, заеднички, обединети и силни.“ – објави Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: