Подмладокот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел учествуваше во дебатата за перспективата на Балканот во Европската Унија!

ноември 15, 2019

Владимир Ристов од подмладокот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е во повеќедневна посета на Европскиот парламент, каде присуствуваше на дебата за перспективата на Балканот во Европската Унија со Европратениците!

„Како дел од школата ,,Млади балкански лидери” присуствував на пленарна седница на Европскиот парламент во Брисел.Претставници на УМС заедно со колегите од Македонија, Бугарија и Србија во текот на денот учествуваме во дебати со европратеници и разговаравме за перспективите на Балкaнот во Европската Унија. На дебатата поздравни говори имаа и амбасадорите на нашите земји во Брисел.“ – напиша тој на неговиот официјален фејсбук профил.

Инаку, делегацијата на УМС се сретна и со македонската амбасадорка во Брисел.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: