strumica denes logo

„СТИГА Е“ – ВО СТРУМИЦА, БОСИЛОВО И НОВО СЕЛО НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ИМА НЕЗАВИСНИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ!

Автор:

Датум:

август 27, 2021

Автор:

Датум:

август 27, 2021

Здрава Котлина:

НЕЗАВИСНИ ГРАЃАНСКИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ!

Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека независната граѓанска листа за општина Ново Село е комплетирана и официјално поднесена. Со ова и граѓаните на општина Ново Село веќе можат да го дадат својот потпис за поддршка исто како што тоа веќе го прават граѓаните на општините Струмица и Босилово.

Апелираме до што побрзо да појдете до надворешната канцеларија на ДИК во зградата на општина Струмица и со вашиот потпис да ги поддржите независните листи за соодветната општина во која остварувате избирачко право. Канцелариите на ДИК работат секој ден од 08 до 21 часот, сабота и недела од 08 до 21 часот, а последниот ден понеделник ќе работат од 08 до 23:59 часот. Се што ви треба е само документ за идентификација и желба да помогнете.

Сега кога сите листи за советници се понесени, ги објавуваме комплетните состави на листите и нивните носители за општините Струмица, Босилово и Ново Село.

Носител на независната граѓанска листа СТИГА Е за општина Струмица е Ѓорѓи Танушев, а составот е следен:

1. Ѓорѓи Танушев
2. Митко Бојаџиски
3. Оливера Аризанова Мансбарт
4. Горан Станишлевиќ
5. Александар Грчев
6. Соња Мицева
7. Гиго Вета
8. Анета Оџакова
9. Лидија Давчева
10. Дејан Ангелов
11. Снежана Михаилова
12. Митко Гогов
13. Данче Стефановска Апостолова
14. Славица Стојанов
15. Мирна Трпкова
16. Јасмина Вучкова
17. Ставро Ангелаков
18. Нена Панова
19. Марија Јовеска
20. Кирил Пасков
21. Македонка Петрова
22. Аница Лазаревска
23. Александар Пишев

Носител на независната граѓанска листа СТИГА Е за општина Босилово е Стојан Трн Велков, а составот е следен:
1. Стојанчо Велков – Босилово
2. Никола Димов – Штука
3. Борка Грнчарова – Босилово
4. Динчо Христов – Штука
5. Игор Петров – Секирник
6. Цвета Ѓорѓиева – Штука
7. Васе Донев – Бориево
8. Иљо Малинов – Штука
9. Елена Јакова – Штука
10. Блажо Киров – Иловица
11. Розица Јанковска – Босилово
12. Славка Јанкова – Штука
13. Марјан Бансколиев – Моноспитовo
14. Горан Тренчевски – Босилово
15. Јулијана Станишева – Секирник

Носител на независната граѓанска листа СТИГА Е за општина Ново Село е Костадин Ристоманов, а составот е следен:

1. Костадин Ристоманов – Ново Село
2. Горан Ангелов – Борисово
3. Изабела Мартинова – Сушица
4. Боро Зекиров – Ново Село
5. Ристо Вучков – Сушица
6. Руменка Атанасова – Колешино
7. Ацо Донев – Смоларе
8. Лазар Аризанов – Старо Коњарево
9. Александра Јакимова – Ново Коњарево
10. Божин Шопов – Ново Село
11. Зоран Бучев – Ново Село
12. Ленка Ристоманова – Ново Село
13. Александра Стаменова – Ново Село
14. Цветко Малинов – Мокриево
15. Вида Стојменова – Ново Село

Ова се нашите кандидати кои ќе имаат шанса да се борат на претстојните локални избори доколку ги поддржите со вашите потписи.
Ние веќе четири години се бориме со голем и подмолен противник кој длабоко навлезе во големите партии преку нивните високи функционери. Во таа борба полека се искаливме да резистираме притисоци, закани, уцени, но и да се бориме против проблемите на нашето општество, кое сепак не е едно за сите и недостатокот на правда не прави немирни. Ние сме со изострен слух и отворени очи за проблемите на граѓаните, но со отворен ум за ефектвни и одговорни решенија за тие проблеми. На тој начин ќе придонесеме и за обединување на граѓаните и промени во партиите. Црно белиот свет мора да се смени. Она што гарантирано можеме да го понудиме се објективни анализи на проблемите и конкретни чесни решенија за истите, но и блокада во советите за секакви заврзлами со рудникот на смртта Иловица-Штука.

Затоа и го инициравме формирањето на независната граѓанска група СТИГА Е – Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина и нашите активисти се дел од нивните советничките листи за нашите општини.

Навистина СТИГА Е!