ВАСИЛ КОЦЕВ РЕИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ-ВАСИЛЕВО!

Општинската организација на СДСМ од Василево, вечерва одржа изборна Конференција, на која едногласно беше избран 18-члениот состав на Извршниот одбор и петте нови членови на Надзорниот одбор на партијата, на предлог на претседателот на Општинската организација, Васил Коцев, кој беше именуван од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и имаше обврска да ги предложи пред делегатите на Конференцијата, новите членови на овие партиски органи. Тој во своето обраќање му се заблагодари на лидерот на партијата, Зоран Заев за довербата што повторно му ја даде по втор пат да го води Василевскиот СДСМ. За изборот на новите членови, кој тој ги предложи пред делегатите на изборната Конференција, вели дека е направен врз основа на нивните персонални високи човечки и професионални способности и квалитет, кои се подготвени целосно и безрезервно да ги вложат за остварување на програмските цели на СДСМ во општина Василево.

Автор:

Датум:

јули 4, 2019

Категории:

СДСМ