Став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е избори по стабилизација на пандемијата, на средината на јуни.
Во ситуација кога пикот на коронавирусот е поминат, кога интензитетот се намалува, треба да се одржат изборите затоа што во такви услови нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека наесен се очекува нов бран од вирусот и би било неодговорно да се загрозува здравјето на граѓаните. Ако се повтори кризата ќе останеме надвор од било какви уставни можности.
Северна Македонија веќе 2 месеци е во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци е со техничка влада и скоро 3 месеци е со распуштено Собрание.
Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата и затоа потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза.
Ова се дел од ставовите и аргументите со коишто јас како претставник на коалицијата ќе ги предочам на средбата кај претседателот Пендаровски во вторник.