Прес конференција на Софија Ристова Патрикова, член на Централниот одбор на СДСМ
Почитувани граѓани,
Локалната власт на Струмица, предводена од СДСМ, во изминатите две години работеше посветено и квалитетно за да го подобри животот на граѓаните. Урбаната и руралната инфраструктура беа меѓу приоритетите. Се работеше плански и се намалуваа разликите помеѓу градската и средината во населените места.
Во овој период се асфалтираше вкупна површина од 17.342 метри квадратни и тоа 8 улици во Банско, по 3 во Габрово и Вељуса, 10 улици во Муртино, 5 во Куклиш, по 2 во Градско Балдовци, Баница, Водоча, Рич, Костурино, Свидовица, Раборци и Добрејци каде беше ставен и втор слој асфалт на главната улица.
Паралелно со поставувањето на нов асфалтен слој се реконструираа и постоечките улици со втор слој асфалт. Со овој градежен зафат беа опфатени улиците „11-ти Септември“, „Ката Поцкова“, „Монополска“, „Генерал Боро Поцков“, „Бетовенова“, „Младинска“ на потегот од улицата „Ѓорѓи Василев“ до улицата „Ристоман Попчевски“, „Ѓорѓи Василев“ на потегот од улицата „Киро Абрашев“ до улицата „Ристо Ќурчиев“. Втор слој асфалт е ставен на булеварот „Ленинова“ на потегот од булеварот „Маршал Тито“ до улицата „24-ти Октомври“, на кружниот тек „Бурчо“, на улиците „Жртви на фашизмот“, на краци од улицата „Тимо Тренчев“, дел од улицата „Киро Абрашев“, на улиците „Херој Карпош“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Крсте Мисирков“ на вкупна површина од 31.553 метри квадратни.
Се подобруваа условите за живот и со изведување на бетонски работи во Попчево, Водоча и Сачево и на повеќе локации во градот. Реализирани се вкупно 18 проекти. Во 2018 и 2019 година се изврши и пробивање, тампонирање и прв слој асфалт во градот и индустриските зони во должина од 4.881 метар. Се реализираа и изведоа и тротоари со бехатон плочки на површина од 4.372 метри квадратни.
Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се изврши и подобрување на дел од регионалната патна инфраструктура. Се рехабилитираше клучката кај Куклиш, патот Куклиш Свидовица, Дабиле – граничен премин Ново Село на македонско – бугарска граница, патот од Војславци до Радовиш, а на пролет ќе започне проширувањето на патот Струмица – Дабиле кој ќе има 4 коловозни ленти.