strumica denes logo

МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ: ЗА ТРИ ГОДИНИ ЈА ИЗВАДИВМЕ ЗЕМЈАТА НА ПРАВ ПАТ, ОД МИНУС ЈА КРЕНАВМЕ ЕКОНОМИЈАТА ВО ПЛУС!

Автор:

Датум:

јуни 1, 2020

Категории:

СДСМ

Автор:

Датум:

јуни 1, 2020

Категории:

СДСМ

Прес-конференција на Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица.

Денеска се навршуваат точно три години откако СДСМ го презеде раководењето со државата. На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се ослободи од режимските пранги на ДПМНЕ.

Северна Македонија во 2016 година беше оценета како „заробена држава” од страна на Европската Комисија, со заробени институции и клучни сектори во општеството. За овие три години ja извадивме земјата на прав пат, а денес знаеме дека заедно со граѓаните можеме уште повеќе и уште подобро.

Остваривме две од од нашите најголеми стратешки цели, она што со децении на моменти изгледаше и невозможно.

Ние сме 30-та земја членка на НАТО. Македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО, а македонските граѓани се горди на тоа.
И конечно, имаме одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

За жал, кога носевме историски одлуки, кога чекоревме на прав пат кон полноправно членство во НАТО и отворање на преговори со ЕУ, немавме сојузник во најголемата опозициска партија предводена од Христијан Мицкоски.

Мицкоски покажа дека нема ниту став, ниту зрелост, ниту чувство за одговорност за националните интереси, кога требаше да се прават нужни политички компромиси за да се одблокираат процесите кои беа во децениски ќорсокак поради деструктивните политики на неговиот политички ментор, Никола Груевски.

Кога СДСМ ја презеде власта немаше никаков економски раст. Од минус ја кренавме економијата во плус. Го стабилизиравме и долгот, а девизните резерви се зголемија за над 800 милиони евра.

Со зголемениот економски раст овозможивме и раст на вработеноста. Oбебедивме пораст на нето платата. Минималната плата достигна 14. 500 денари. Просечната пензија изнесува 15.500 денари.
Го воведовме правото на социјална пензија од 6.000 денари, за лица кои немаат 15 години стаж. За првпат воведовме минимален гарантиран приход и ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто.
Почитувани граѓани,

Во овие 3 години докажавме дека се грижиме. Успеавме да ја вратиме довербата во социјалниот и во здравствениот систем.

Продолжуваме понатаму. Можеме уште повеќе и уште подобро.