КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: СЕ ГРАДИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА, НИЗ СИТЕ РЕГИОНИ!

јули 3, 2020

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол и кандидат за пратеник од СДСМ.

Градежната офанзива продолжува и во новата нормала. Се гради низ целата држава, низ сите региони. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.

Градиме 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци. Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.

Во Струмица како прва гасифицирана Општината во државата, започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во должина од 7 километри. Функционира Пречистителната станица. Изградени се канализациони системи во населените места Просениково и Дабиле, а започна да се гради и во Вељуса, а следува и Банско.

Се асфалтираа и реконструираа улици во градот и во скоро сите населени места, се изведуваа атмосферски канали и се тампонираа полски патишта. Се подобрува инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости. Ќе се уредуваат Свети Илијскиот порој и поројот на улицата „Крушевска Република“.

Се работеше и ќе се работи и во другите општини од регионот. Ќе се реконструираат патните правци од Турново до Штука и Иловица, од Хамзали до Дрвош, Ќе се градат водоснабдителни и канализациони системи во општините Ново Село, Василево и Босилово.

Ја гасифицираме земјата. Ќе донесеме гас во секој дом. Глетката на фотоволтаични централи е секојдневна граѓаните. Поставуваме пример за енергетска ефикасност. За да си го исчистиме воздухот.

По целата земја градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња.

Вложуваме во градење на регионалните депонии за отпад. Да си ја исчистиме почвата од ѓубре.

Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но го поправивме тоа, и не запираме додека не изградиме современа држава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ