КОСТА КОСТАДИНОВ: ЗОШТО КАНДИДАТКАТА ЗА ПРАТЕНИК НЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА?

мај 24, 2020

КОСТА КОСТАДИНОВ:
Си реков денес ќе биде ден без политика, денот кога ќе ги оставиме верниците Муслимани, но и православните христијани да стивнат од политички препукувања.

Но верувајте со вмро-дпмне тоа не е можно.
Кога луѓе разочарани од внатрешното лудило во нивната партија ми јавија дека кандидатката за пратеник ќе има изјава, си реков супер, ќе се издигнат конечно над партиската матрица на национализмот и ќе честитат Рамазан Бајрам, но сведоци сме дека тоа не се случи.

Покрај сите хајки, покрај сите малтретирања на младите волонтери кои помагаат во овие тешки моменти, на оние на кои им е најпотребно, вмро-дпмне сега преку кандидатката за пратеник од Струмица, дополнително ја подгрева и така вшештената ситуација.

Иако на сите им е јасно, сепак јас сум должен да прашам уште еднаш.
Зошто како кандидатка за пратеник, не се вклучи во хуманитарната акција, доколку не сака да донира, можела кандидатката на вмро-дпмне да се вклучи и да волонтира.

Но јасно е, не им е до луѓето до парите им е.

Кога сме веќе кај институциите еве и јас апелирам, слободно нека се истера работата до крај, за да конечно и на вас ви се докаже дека освен помош на нашите сограѓани друго нема ништо.

Се надевам откако ќе завршат со овој случај, институциите ќе се позанимаваат и со потеклото на имотот на кандидатката за пратеник од редовите на вмро-дпмне.

Е тек тогаш на сите ќе ни стане јасно, кој навистина се грижи за граѓаните, а кој за сопствениот џеб.

До тогаш, јас ќе ја запознавам јавноста со имотите кои не се баш за потценување, а за кои не сум сигурен дека кандидатката има покритие.

Се извинувам на сите мои сограѓани, што и на овој ден, мораат да ги следат дневно политичките препукувања…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ