Во синоќешната ТВ-дебата на „Телевизија 24“, кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ Коста Костадинов, рече дека „Чешел“ пазарот во Струмица ќе прерасне во боемски парк во кој струмичани ќе уживаат, а ќе се изгради нов градски пазар.
„Свесен сум дека од мене, како иден градоначалник се очекува градот и општината да одат напред” – рече Костадинов.