Прес конференција на Илина Врешкова – ОО СДСМ Струмица
Почитувани граѓани,
Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од сввоето работење, со што квалитетот на живеење бележи евидентен растеж. Еден од тие сегменти кои доживува вистински раст е социјалната помош која е во функција на подобрување на животот на најранливата категорија граѓани, а тоа се сиромашните.
Па така, социјалната помош е покачена дури за 300 проценти, што претставува рекорд кој не е забележан од осамостојувањето на нашата земја, значи безмалку 29 години. Покрај тоа, обезбедена е и социјална помош за 2.631 возрасно лице со загарантиран износ од 6.000 денари. Со тоа, право на достоинствен живот добиваат и оние возрасни лица кои не успеале да ја исполнат законската временска рамка за пензионирање. Таквите мерки драстично ја намалуваат сиромаштијата во нашето општество.
Ако овие факти ги споредиме со поразителните политики на претходната власт, која цели 11 години не покажа ни трошка интерес за оваа категорија граѓани, тогаш слободно може да се заклучи кој е кој и кој вистински се грижи за сите граѓани на нашата татковина. Таквата политика на СДСМ ќе продолжи и во наредниот период, на задоволство на граѓаните кои посакуваат и заслужуваат достоинствен живот вреден за живеење.
СДСМ и граѓаните се на прав пат и од тој пат немаме намера да отстапиме.