Ристо Манчев, кандидат за градоначалник на општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Синоќа остваривме средба со жителите на населеното место Еднокуќево. Видовме голема разочараност од локалната самоуправа. Неизградбата на локалната патна инфраструктура во голема мера ги погодува локалните жители. Но, доаѓаат големи промени со јасно ветување од наша страна за реализација на голем број проекти од интерес и во прилог на населеното место Еднокуќево.