strumica denes logo

ПЕНДАРОВСКИ: Ако граѓаните немаат позитивно мислење за мене како претседател, нема да ме гледате во политиката!

Автор:

Датум:

октомври 3, 2023

Автор:

Датум:

октомври 3, 2023

Дали шефот на државата Стево Пендаровски ќе се кандидира за втор мандат, ќе зависи од позитивната оценка на граѓаните за неговиот досегашен ангажман како Врховен командант на вооружените сили и претседател на државата, изјави тој во интервју за Македонското радио.

„Моето натамошно ангажирање во политиката ќе зависи само од една работа. Не дали јас имам мерак да бидам на оваа позиција или на некоја друга, туку само од тоа дали мојот досегашен мандат и здравје боже догодина целиот истеран мандат од пет години, ќе биде позитивно оценет од граѓаните. Ако граѓаните немаат позитивно мислење, пристојни бројки, проценти за ова што го правам изминативе четири и пол – пет години, тогаш секако нема да ме гледате во политиката“, додаде Пендаровски во интервјуто за Македонското радио!