strumica denes logo

МНР: Почетокот на преговорите со ЕУ ги дава првите резултати

Автор:

Датум:

февруари 7, 2023

Автор:

Датум:

февруари 7, 2023

Европската комисија денес предложи да се обезбедат 100 милиони евра макрофинансиска помош во форма на заеми за Македонија како поддршка за фискалната одржливост и структурните реформи за 2023 и 2024 година, во контекст на отпочнатите преговори за членство во ЕУ, како и последиците кои државата ги чувствува поради руската агресија против Украина.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изјави: „Ние стоиме покрај Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денес предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години.“

Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните партнери и партнерите за проширување, и е наменета како исклучителен инструмент за одговор на кризи за партнерите на ЕУ. Тоа ја покажува солидарноста на ЕУ со овие партнери и поддршката на ефективни политики во време на криза без преседан.