strumica denes logo

Завршна конференција за Проектот „Инсталирање обновливи извори на енергија и заштита на животната средина во Струмјани и Василево“

Автор:

Датум:

април 19, 2018

Категории:

Василево

Автор:

Датум:

април 19, 2018

Категории:

Василево

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Oпштина Василево и општина Струмјани од Р.Бугарија  одржаа Завршна конференција по повод завршувањето на проектот „Инсталирање  обновливи извори на енергија и заштита на животната средина во Струмјани и Василево“,  финансиран од INTERREG IPA Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во чии рамки  во општина Василево беше реконструирано основното училиште во с. Седларци, а во општина Струмјани, во најголемото населено место Микрево, поставено е улично осветлување со мерки за енергетска ефикасност. Вкупниот буџет за овој партнерски проект изнесува околу 247 000 евра, од  кои општина Василево искористи околу 50 000 евра плус околу  10 000 евра сопствено учество.

Во училиштето во с. Седларци извршена е замена на старата столарија со нова енергетски ефикасна, поставена е нова термо фасада, инсталирани се  фотоволтаични панели преку кои објектот ќе се снабдува со електрична енергија за сопствените потреби како и санитарна топла вода а  стариот начин на загревање е замент со централно  топловодно греење на пелети. Со оваа реконструкција ова училиште се вброи во редот на енергетски ефикасните, еколошки училишта кои ја штитат животната средина.

Во с. Микрево, општина Струмјани заменети се старите улични светилки со еколошки со што е направена заштеда на трошоците за улично осветлувањењ за 30%.

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев заблагодарувајќи им се на  проектните тимови на двете општини за целокупниот ангажман во реализацијата на проектите истите ги окарактеризира како проекти потребни на 21-от век, кои се грижат и ја штитат животната околина“. Тој исто така ја потенцира потребата од продолжување на соработката со општина Струмјани и во наредниот период.  „Се надевам дека и во иднина ќе успееме нашата соработка да ја негуваме и да ја надградуваме со нови успеси и проекти кои ќе им донесат благодет не само на нашите две општини  туку и на регионот пошироко. Заложба на општина Василево  е да го продолжиме нашиот успешен партнерски однос, притоа подеднакво стварајќи квалитет за граѓаните од двете страни на границата.  Партнерствата се убава но пред се корисна алатка која ние досега покажавме дека знаеме успешно да ја користиме. Денешната завршна конференција нека биде само поттик за идни уште поуспешни проекти“, изјави градоначалникот Јанев на денешната Завршна конференција.

Задоволство од соработката  која досега резултираше со два успешно реализирани проекти, изрази и првиот човек  на општина Струмјани, Емил Илиев. „И со овој проект како и со претходниот целта ја постигнавме, заштедивме 30 % на трошоците за улично осветлување. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на заеднички проектни задачи, дека ќе најдеме заеднички допирни точки за следниот, трет проект за следниот, трет проект, за доброто на двете општини“.