Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:
🇲🇰🇹🇷 Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок, денес ја посети општина Василево.
На средбата се разговараше за повеќе важни теми и области, низ кои континуирано се продлабочува соработката на општина Василево со градови од Турција.
Посебен акцент на средбата беше ставен на економската соработка, која се потврдува и со сериозната заинтересираност на турски компаниии за инвестиции во индустриската зона во нашата општина.
Информиравме за отвореноста на локалната самоуправа и поддршката која ја овозможува општината во рамките на својата надлежност и за развој на други бизнис идеи кои ќе придонесат за економско јакнење на општина Василево.
По претставувањето на спецификите, особеностите, можностите и капацитетеите со кои располага општина Василево, како и отворено изразената воља за пријателство од наша страна, разговорот се водеше околу можностите за заедничка соработка во повеќе области и реализација на конкретни активности од кои бенефит би имале двете страни.
На средбата, разговаравме и за историската поврзаност на двете држави.
Се разговараше и за соработката во областа на образованието и културата, а после средбата во кабинетот, со амбасадорот Секизќок, ги посетивме населените места Градашорци,Василево,Добрашинци,Нова Маала,Чанаклија,Пиперево и Висока Маала.
Со амбасадорот ја посетивме и индустриската зона во Василево.
Продолжуваме да работиме, Општина Василево да биде меѓународно препознаена и афирмирана.
Отвараме нови перспективи за општина Василево.