ЅВОНЦИТЕ СЕ РАСТРОПАА, НА 14 ЈАНУАРИ ВО МОКРИЕВО ЌЕ СЕ ОДДРЖАТ ПОЗНАТИТЕ „СТАНЧИНАРСКИ ИГРИ“

јануари 12, 2024

Ѕвонците се растропаа. Време е странчинарите да го обиколат селото. Ќе влезат во секоја куќа, а домаќините ќе им ги наполнат торбите со колбаси и други подароци.

Ова е вековна традиција во подбеласичкото село Мокриево. Секоја година за Василица еден од најубавите обичаи собира стотици граѓани, но и учесници на Странчинарските игри.

Маските на странчинарите не се ниту приближно страшни колку што била благородна нивната мисија. Овие навидум необични суштества со маски на чудовишта од бајките, всушност биле заштитници на народот. Василица бил денот кога се собира храна за сиромашните. Токму затоа и на 14.01.2024 год.(недела)со храната што ќе ја соберат странчинарите ќе се приготви голема селска гозба.Повелете во с.Мокриево.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ