strumica denes logo

Зоран Заев не стана “нобеловец”: Наградата ја доби премиерот на Етиопија!

Автор:

Датум:

октомври 11, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 11, 2019

Категории:

Струмица

Нобеловата награда за мир, за која беа номинирани Зоран Заев и Алексис Ципрас, ја доби премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед.

43-годишниот Ахмед, кој лани дојде на премиерската функција, ја добива наградата за напорите да се воспостават мир и меѓународна соработка помеѓу Етиопија и Еритреја, со што беше ставен крај на долгогодишниот граничен конфликт.

–Кога лани во април дојде на премиерската фунцкија, Ахмед јасно изрази желба дека сака да ги продолжи мировните разговори со Еритреја. Важен чекор беше неговата волја да ја прифати арбитражната одлука на меѓународната гранична комисија од 2002 година, соопшти Нобеловиот комитет.