strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: Денешниот Марш на жените на СДС немаше поддршка од Струмица – Филипче и Костадинов не’ можат да ги соберат веќе ниту оние кои 20 години ги потхрануваа од Општината!

Автор:

Датум:

март 8, 2025

Автор:

Датум:

март 8, 2025

Жан Дрвошанов, пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Денешниот Марш на жените на СДС немаше поддршка од Струмица и струмичани.

И покрај големиот број на вработени во јавните претпријатија и училиштата Маршот не помина со охрабрувачка бројност.

Филипче и Костадинов не можат да ги соберат веќе ниту оние кои 20 години ги потхрануваа од општината.

Затоа Маршот мораше да биде поддржан со членови од цела држава.

Околу 40 полупразни автобуси донесоа луѓе за настанот.

Ова се должи не само на погрешните политики на СДС туку и на лошата порака со родовата политика која требаше да биде протната меѓу редови.

Ова покажува дека Бастионот од дамна е паднат и, како ќе бидат работите на претстојните локални избори во Струмица.