Закани по животот на децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваат преку социјалните мрежи.
Имено на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат јавни закани кон семејството на Мицкоски каде се наведува дека доколку му е мило семејството да си остане мирен.
„Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот.
Постот е споделен од два различни профили и е јавно видлив за сите.