За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот, од понеделник ќе има локални врнежи од дожд

септември 1, 2023

За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот. Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Температурите ќе се движат од 9 до 27 степени целзиусови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ