strumica denes logo

ЗА ПАЛЧО ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН ХОДНИК ВО ШУТКА, ПОСЕБНИ МЕРКИ И НЕМА ДА СЕ МЕША СО ДРУГИ ЗАТВОРЕНИЦИ!

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се очекува во секој момент да пристигне во истражниот затвор во Шутка.

Таму се веќе пристигнати припадници на специјалните единици, а има и посебни протоколи во затворот за неговото пристигнување. Согласно изјавите на директорот на затворот, Палчо имал посебен ходник за движење, по што практично ќе се шета сам, а му била спремна и посебна бања.

„Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, има посебен ходник за движење. Има појачан видео надзор, со определен број на чувари, ќе има посебна бања. Веќе имало и протокол за храна и се знае колку чувари ќе го чуваат под посебни мерки“, изјавил Филип Андов, директорот на затворот во Шутка за Слободен печат.