Второто ноќно искачување до Цареви Кули дел од #соф2019.
Преку 100 учесници со пешачење и велосипеди на 25 јуни ќе го означат почетокот на летото со голема забава под ѕвезденото небо на Струмица. Рутата за пешачење е погодна за сите возрасти па и за најмалите и минува низ манастирот Св. Илија и најпознатата трим патека во регионот. Организираната поворка велосипедисти се искачува по асфалтен пат.
Настанот ќе биде дополнет со забава со локални диџеи.
Собирно место во 19:30 часот во малиот градски парк, каде двете групи ќе започнат со искачување кон Цареви Кули.
Трим патеката по која ќе се пешачи (Мал парк – Ловен дом – Св.Илија – Цареви Кули) е долга прилично 5.5 км и се пешачи околу 1:00 до 1:30 часа.
Вело патеката по која ќе се вози (Мал парк – СОУ Никола Карев – Лозиња – Двата пата – Чам чифлик – Цареви Кули) е долга 9 км и се вози околу 1:00 до 1:30 часа.
Потребна опрема:
- – Соодветни чевли за пешачење (возење)
- – Фенерче*
- – Топла облека
- – Резервна маица
- – Вода
- – Овошје и храна по избор- Ранец
- – Фотоапарат
- – Кацига (за велосипедисти)
- – Средство против комарци
Движењето по двете патеки ќе се одвива во групи со водичи, а евентуално оддалечување од групите и предвидената патека ќе биде на сопствена одговорност.