Врнежите од дожд ќе преминат во снег – временска прогноза на УХМР до петок!

ноември 30, 2021

Во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Поради продор на студена воздушна маса утре ќе дува засилен северен ветер, а од изутрина врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда и четврток ќе настапи разведрување и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ