ВРЕМЕТО ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ СЕ ОЧЕКУВА ДА ПРЕМИНАТ ВО СНЕГ!

ноември 25, 2023

Времето денес ќе биде облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен (над 70 км/час) северен ветер.

Температурите во Струмица ќе се движат од 2 до 11 степени целзиусови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ