strumica denes logo

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНОВИТЕ ОД ВИКЕНДОТ: Облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме

Автор:

Датум:

мај 25, 2024

Автор:

Датум:

мај 25, 2024

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.