ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА: СОС ДЕТСКО СЕЛО ВРАБОТУВА СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА!

април 20, 2024

🌟 Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.

Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.

💪 СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во нова канцеларија во

📍 Струмица (2 позиции)

📍 Скопје (1 позиција)

Имаме потреба од социјални работници или психолози, педагози и специјални едукатори/рехабилитатори кои ќе работат како поддршка на згрижувачките семејства.

📝 Клучни одговорности:

Стручните соработници ќе учествуваат во проценка на кандидатите за згрижувачко семејство и ќе спроведуваат советувања согласно проценети потреби;
Ќе вршат редовен увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на корисникот во згрижувачко семејство;
Ќе одржуваат редовна комуникација со згрижувачките семејства и ќе ја координираат мрежата за поддршка за згрижувачките семејства;
Ќе одржуваат редовна комуникација со Центрите за социјална работа за потребите на згрижувачките семејства, старателот и водителот на случај за сместен корисник;
Ја водат имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.

🔍 Што е потребно?

Високо образование во областа на социјална работа и политика (опционално: психолог, педагог, специјален едукатор/рехабилитатор);
Работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита);
Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство;
Познавања на детските права;
Активно познавање на работа на компјутер;
Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
Добри комуникациски и организациски вештини;
Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност;
Способност за самостојна и тимска работа.

🚀 Услови за работа:

Работа на неопределено време (прв договор во траење од 1 година, со можност за продолжување)
Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, тим билдинг)

📅 Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 26.04.2024 година.

Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим. Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува.

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите!

КЛИКНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: КЛИКНИ ОВДЕ!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ