ВО ВТОРНИК ВО СТРУМИЦА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ШТО Е ЖЕНА“

мај 6, 2023

Во Струмица премиера на филмот „Што е жена?“ на Мет Волш

-В вторник 9 мај 2023 година, со премиерата во Струмица, почнуваат серијата национални проекции на филмот „Што е жена?“ на Мет Волш.

Премиерната проекција ќе почне во 20 часот во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, влезот е слободен.

Од Коалициајта за заштита на децата велат дека во филмот на едноставен и забавен начин се обработува една од главните теми на денешната цивилизација – што е тоа жена, како таа се дефинира и дали личните чувства можат да бидат над реалните биолошки факти.

-Ги повикуваме сите кои сакаат финансиски, со донации или спонзорство, да го помогнат проектирањето на филмот по другите градови, да ни пишат на koalicija@zadecata.org или да донираат на: https://www.zadecata.org/doniraj, се вели во објавата на Коалиција за заштита на децата.

Проекциите во Струмица се организирани во партнерска соработка со Елеуса Фондација.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ