strumica denes logo

ВО СТРУМИЦА ДВА ОБЈЕКТИ ИМА СО ВАЖЕЧКА ЛИЦЕНЦА ЗА ДИСКО КЛУБ, ЕДЕН СО ВАЖЕЧКА ЛИЦЕНЦА ЗА ДИСКО КЛУБ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И ЕДЕН СО ИСТЕЧЕНА ЛИЦЕНЦА!

Автор:

Датум:

март 19, 2025

Автор:

Датум:

март 19, 2025

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција соопшти за преземените активности на надлежните институции по завршување на владина таседница, а кои се однесуваат на две точки:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Првата е на преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информацијата за состојбата за сместувањето на семејствата на оние коишто се хоспитализирани надвор од државата.

На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор.

„Во моментот на надзорот субјектите не вршат дејност, што е разбирливо поради прогласената седумдневна жалост. Но, врз основа на податоците со коишто располага Државниот пазарен инспекторат и остварени контакти со одговорните лица на самите угостителски објекти, се обезбедени документи коишто се потребни за надзорот да биде извршен.

Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се 22 на број на цела територија на државата, но има и 15 лиценци коишто се со истечена важност.

Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 поседуваат важечки лиценци (за кабаре), 8 имаат истечени лиценци, а 3 објекти немаат никаква лиценца.

Во Куманово има 3 објекти, сите со важечки лиценци за кабаре.

Во Штип, Виница и Делчево по еден објект е регистриран како кабаре и сите поседуваат важечки лиценци.

Во Струмица има 4 објекти: 2 со важечки лиценци за диско-клуб, 1 со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор, а 1 со истечена лиценца.

Во Гевгелија имаме еден објект со истечена лиценца.

Во Велес има еден објект со важечка лиценца за диско-клуб.

Во Битола има четири објекти – три со важечки лиценци за кабаре, а еден со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор.

Во Прилеп има два објекти, и двата се со истечени лиценци.

Во Кавадарци има еден објект со важечка лиценца.

Во Велес има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Неготино еден објект со истечена лиценца.

Во Охрид има четири објекти – два со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.

Во Кичево има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Во Гостивар има еден објект со истечена лиценца.

Во Тетово има шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечени лиценци.

Дополнително, сакам ја информирам јавноста дека Државниот пазарен инспекторат е на терен и се проверуваат сите 22 објекти коишто имаат важечка лиценца дали ги исполнуваат минимум технички услови коишто се потребни за да ја добијат таа лиценца. Заедно со останати надлежни институции за тоа ќе излеземе со дополнителни информации откако ќе заврши целиот надзор којшто тие го прават.

За сите други објекти, коишто се со истечена важност на лиценцата или немаат воопшто лиценца, Државниот пазарен инспекторат донесе забрана за вршење на нивната дејност сè додека не се утврдат сите потребни документи, додека не се провери дали воопшто поседуваат услови, минимално технички услови за вршење на дејност за истите да можат да обезбедат дополнителна лиценца“ рече Митева.