ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО УЗУРПАЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ ОД СТРАНА НА НЕСОВЕСНИТЕ ВОЗАЧИ, ПРОБЛЕМОТ СО НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО СТАРО ЖЕЛЕЗО И ВАНДАЛИЗМОТ НА УРБАНАТА ОПРЕМА!

мај 26, 2022

Вчера се одржа седмата работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица на којашто се направи пресек на досегашната работа и резултатите од неа.

Градоначалникот Костадин Костадинов е задоволен од работата на Советот бидејќи со заедничка акција на сите партнери во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил долж булеварот „Маршал Тито“ и околу пазарот „Чешел“.

-Следни на дневен ред се трајно решавање на отворени проблеми како што се нелегалната трговија со старо железо на улицата „Антон Панов“ за што веќе има поднесено кривични пријави од страна на СВР Струмица, вандализмот на урбаната опрема, а пред нас се и нови предизвици коишто ги носи летото, еден од нив е узурпацијата на тротоарите од страна на несовесните возачи. Јас сум задоволен од досегашната работа на Локалниот совет за првенција, а тоа го потврди и ОБСЕ посочувајќи ја Струмица како пример во државата како треба да се решаваат проблемите во општините, рече градоначалникот Костадинов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ