Во сабота на 13.04.2019 година во Струмица со почеток од 20:30 часот на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“, кандидатот за претседател на Република Македонија од редовите на СДСМ Стево Пендаровски, ќе се претстави пред струмичани.
„Сплотени заедно да продолжиме напред кон остварување на нашата визија. ЕУ и НАТО се нашиот сон кој треба да го реализираме“ – напишаа тие на официјалниот евент кој го најавува митингот во Струмица.