ВО МАКЕДОНСКИ ШУМИ – СТРУМИЦА СЕ ВРАБОТУВААТ РАБОТНИЦИ, НО МОРА ДА БИДАТ АЛБАНЦИ!

јануари 12, 2024

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Во Македонски шуми – Струмица се бараат работници кој не се македонци!

Национални шуми, подружница ШС ,,Беласица” – Струмица предизборно вработува десетина лица за кој услов е да не си македонец по националност.

Па така на оглас се бараат албанци на позиции сечачи, дотурачи на анималии и контролори на рампа.

Не се бара ниту едно лице по националност – македонец.

Балансерот кој го предлага Национални Шуми не соодвестува со реалноста на етничка застапеност во Струмица. Не соодвестува бидејќи дури и да има потреба од етничка застапеност турската заедница е далеку побројна од албанската во Струмица, која според пописот неможе да ги пополни бараните позиции.

СДС – претеравте ,не ве бива! Доста е !

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ