Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:
1. На 30.09.2020 година (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица и
2. На 01.10.2020 година (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци.
За спроведување на планираното четврто прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Дојран и Гевгелија ќе бидат дополнително известени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во наведениот временски период.