ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА ПО 20 ГОДИНИ!

април 25, 2024

Пратеникот и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во студиото на ТВ24 по затворањето на гласачките места во првиот круг од претседателските избори рече дека неговата партија по бројот на изброени гласови за Гордана Силјановска Давкова за прв пат победува во Струмица како бастион на СДСМ во последните 20 години.

На 72 отсто преброени гласови во ДИК, за Давкова во Струмица гласале 8,571 граѓани, за Стево Пендаровски 6,442 граѓани, 1,835 за Максим Димитриевски, 694 за Билјана Ванковска, 94 за Стевчо Јакимовски, 47 за Бујар Омани и 8 за

– Во Струмица победуваме по 20 години, иако е раководена од СДСМ и од таму доаѓа претходниот претседател на СДСМ. Има расположение за промени во места каде ВМРО-ДПМНЕ не победувал и тоа е една од клучните промени кај голем дел од гласачите – рече Милошоски.

Тој додаде дека зголемената излезност на гласачите во однос на претходните претседателски избори е сигнал дека граѓаните сами сакаат да си го одберат претседателот, а не тоа да се прави во Собранието.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ