ВЛАДИМИР РИСТОВ: Во 21 век имаме школи што се греат на дрвја и дечиња што поминуваат низ бари за да посетат настава!

септември 4, 2022

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

📚На почетокот на учебната година им посакувам успешна работа на сите ученици и професори.

Како Претседател на комисијата за образование, култура и спорт во разговори со родители, наставници, директори и лични посети ги нотирав проблемите во училиштата и понудив решевање преку поднесен амандман до Градоначалникот кој не беше земен на разгледување. Парите за овие проблеми понудив да се земат од евентуалната заштеда на вода од јавните чешми.

🏢Даме Груев – Костурино, Куклиш, Свидовица
▪️63 деца имаат потреба од набавка на грејни тела бидејќи моментално се греат на печки на дрва. Училиштето има потреба од санирање на училишниот двор за учениците да не поминуват низ вода.
▪️Загревање на спортската сала во Куклиш
▪️Фонд на лектирни изданија во Куклиш
▪️Пристапна рампа во училиштето во Свидовица
🏢Никола Вапцаров – Струмица
▪️Навилирање на канализација (зафат за да се спречи непријатната миризба)
▪️Обнова на водоводна мрежа
▪️Затоплување на спортската сала
▪️Ново отворено спортско игралиште
▪️Отстранување на трафиката пред училиштето
🏢 Сандо Масев (Струмица, Добрејци)
▪️Проширување на бројот на училници
▪️Пуштање на употреба на фотоволтаиците
▪️Регулирање на сообракајот
🏢Маршал Тито (Струмица, Рич)
▪️Оградување со мрежа на училишниот двор
▪️Санација на потпорен зид на улица Пиринска
▪️Оградување на училишното игралиште во Рич
🏢Видое Подгорец
▪️Реконструкција на спортското игралиште
▪️Оградување на игралиштето и задниот влез
▪️Промена на ламинат и ламперии
🏢Герас Цунев – Просениково
▪️Поплочување на училишниот двор. При секој дожд децата отежнато влегуваат во училиштето
▪️Оградување на училиштето
▪️Сообраќајно решение пред училиштето
🏢Маршал Тито – Муртино, Банско
▪️Поставување опрема во училишното игралиште во Банско

Поголем дел од проблемите во овие училишита можат да се решат со издвојување на минимални финансии и помош на училиштата од Буџетот на Општина Струмица. Не е добро дечињата да се греат на печки на дрвја и да поминуваат низ бари во училишните дворови за да посетат настава. 21 век сме. За да го добиеме епитетот Европска Струмица треба да ги решиме овие проблеми.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ