Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе 13 амандмани за околу 50 проекти.
🌳Поднесени се амандмани со кој се предлага директни и итни мерки за намалување на аерозагадувањето како:
– субвенции за поставување на фотоволтаици за стопанството и угостителството.
– субвенции за купување инвертер клима уреди за замена на печки на дрва.
– субвенција за приклучок на системот за гасификација како и инсталација на грејни тели за системот на гасификација
– годишна програма за пошумување на ридовите на градот.
Со мерките треба да бидат опфатени 400 субјекти во текот на 2024. Средствата за овие мерки треба да изнесуваат околу 12.000.000 денари на сметка на ширење на мрежата за гасификација со која општина Струмица неуспешно менаџира.
🏗Со амандман кон буџетот побаравме изградба на локалниот пат Просениково-Дабиле и поднесовме програма за реконструкција на повеќе улици, тротоари и улично осветлување во градот и сите населените места.
🏛Побаравме повеќе финансии за Домот на културата во Куклиш за да може да биде завршен и пуштен во употреба во 2024 година.
🏡Со амандмани побаравме и реконструкција на парковите во Дабиле, Костурино, Банско и Куклиш.
⚽️Исто така со амандмани побаравме игралиште во Банско и Куклиш, како и изградба на паркиралишта во населеното место Карпош.
Советничка група на Вмро-Дпмне, ОК Струмица изминатиот период се сретна со граѓаните од сите населни места и урбани заедници. Амадманите на ВМРО-ДПМНЕ се реални потреби на грѓаните и плод на соработката со граѓаните.
Досега советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани за околу 150 проекти, а Костадинов досега не прифатил ниту еден амандман.
Дел од амандманите под притисок на граѓаните, иако не ги прифаќа, Општина Струмица ги реализира по некое време.